Ракометарките добија селектор: Љубомир Савевски доби тест договор на три месеци!

337

Љубомир Савевски ќе новиот селектор на македонската женска репрезентација, тој доаѓа на местото на Симе Симовски, беше предложено на Управниот одбор при РФМ на денешната седница. Тој ќе добие договор од три месеци, а по завршување на летото во завиност од сработеното може да биде продолжена истата соработка.

По паузата од 14 години се враќа на клупата на сениорките, последен пат ги водеше во 2007 година на СП во Франција.

„Жал ми е што не направивме чекор напред, очекував да растеме, во последниот период се почувствува стагнација кај Симовски, имаше еден вид на истрошеност, не можев да ја видиме визијата.

Земајќи ја специфичноста на ситуацијата, мојот предлог да му дадеме шанса на Љубомир Сававески. Тој има сиви на производство на многу играчи, многу од нив поминале во неговиот тренанжен процес.

Драго ми е што прифати да се врати, јас сум убеден дека ќе успееме да направиме нешто посериозно. Да му дадеме шанса за јуни, јули и август, да ги собере сите репрезентативки ова лето, па да видиме како ќе оди сето тоа.

Заслужува да му дадеме шанса, да му дадеме договор за кординирање на овие селекции, па ќе виде што ќе даде тоа“, рече Живко Мукаетов, првиот човек на РФМ.

Савевски долго време е надвор од терените, цели 11 години е без ангажман. Познат е по неговата посветеност, па токму затоа во овој момент е најдобро решение за селекторското место.

Во својата кариера ги има водешно тимот на Пелистер, Вардар, во Саудиска Арабија во тимот на Ал Хилал, Младост Богданци, Металург, Кометал Ѓорче Петров,

Покрај селектор на дамите, беше предвоник и на сениорската репрезентација во 2010 година.

ПретходноЛазаров: Им ги затворивме устите на тие кои се сомневаа во нас!
СледноЈевтоски пред трансфер во МТК