Само за Македонија: Публиката уживаше на Арената! (ФОТО)

877

Така е кога се победува, кога на противникот не му даваш да дише, кога просто го разнесуваш. Некој ќе рече па Казахстан е ова. Па, не е важно кој р противникот, поважно е како нашите “рисови“ играа. Постигнаа четири голови против Казахстанците, а можеа барем уште толку.

И тоа во комбиниран состав.

И кога е така тогаш публиката, која вечерва на Арената во Скопје ја имаше блиску 10.000, просто уживаше.

На крајот со аплаузи ги испрати “рисовите“ на ЕП.

ПретходноБајсуфанов: Противникот едноставно беше поквалитетен, Пандев иако е ветеран е вистински мајстор
СледноАнгеловски: Нема еуфорија, само концентрација на она што следува