Антонио Конте, сега веќе и сигурно, ќе биде новиот менаџер на Тотенхем. Според угледниот „talkSPORT“, двете страни си подале рака по разговорите што траеле 48 часа.
Наскоро ќе биде објавено назначувањето на Италијанецот, кој неочекувано си замина од Интер пред само десет дена. Во Лондон ќе му се придружи поранешниот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи, кој ќе ја извршува истата позиција во Тотенхем.
Според италијанскиот новинар Танкреди Палмери, Конте ќе добива 15 милиони евра по сезона, плус дополнителни 2,5 милиони во форма на бонуси.