Младите кошаркари на Барселона со победа од 75:51 над италијанската Стелазура го отворија завршниот турнир од јуниорската Евролига кој вчера почна во Валенсија.
Македонскиот центар Теодор Симиќ не доби голема минутажа на овој премиерен меч од турнирот во „Ла Фонтета“ во Валенсија. Сепак, и за тоа кратко време во игра, Македонецот реализираше шест поени (1/1 за три и 1/3 за два и 1/2 за еден поен). Имаше и три скока и две додавања, сето тоа за нецели десет минути поминати во игра на овој прв натпревар на турнирот во Валенсија.
Во второто коло од групната фаза, Барселона денеска од 15 часот, игра против екипата домаќин на овој собир, Валенсија.