Со победа да одиме на Евро 2020!

317

Вечерва во 18 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, нашата најдобра репрезентација ќе го има својот последен тест пред Евро 2020. Спаринг – партнер на “рисовите“ е составот на Казахстан.

Со оваа репрезентација, иако е во европската зона во квалификациите, досега не сме одиграле ниту пријателска. Вечерва за првпат ќе ги одмериме силите, па затоа нема ни што да пишуваме за било какви историјати.

Без разлика со кој состав ќе настапи селекторот Игор Ангеловски вечерва, секако дека од нашите момци се очекува победа. Посакувањата на фановите, но и на “рисовите“, е да отпатуваме во Букурешт со победа од последната “генералка“. Тоа ќе биде добро и за подигање на и онака добрата атмосфера во нашиот табор.

Од селекторот се очекува да им даде шанса на оние кои со Словенија беа во втор план или пак воопшто не настапија, во моментов тоа е приоритетот над приоритетите.

Но, како што рековме, сакаме со триумф вечерва над Казахстан да го дочекаме првиот меч од историскиот настап на Евро, против Австрија на 13 јуни во Букурешт.

ПретходноБенфика и натаму е опција за Елмас, но Наполи не го пушта ни за 20 милиони евра!
СледноБрегалница носи стопер од Србија