Некогашниот Македонски младински репрезентативец и досегашен член на тимот на Работ нички, Стефан Јевтоски е пред трансфер во тимот на Унгарски МТК.
Во овој тим веќе настапуваат колумбиецот со Македонски пасош, Херара, потоа Бојан Миовски, како и Христијан Георгиевски но најверојатно нашата колонија во овој клуб, ќе се зголеми а уште еден член.
Јевтоски веќе има и интернационално искуство затоа што беше своевремено дел од Украинскиот шампионат како дел од екипата на Арсенал Киев, а потоа продолжи во хрватски Вараждин, па во бугарскиот Локомотив Пловдив. И покрај големото домашно и интернационално искуство Јевтоски во моментов има само 23 години, и допрва се очекуваат од него големи нешта.