Андреј Чернишов, екс-тренерот на Беласица за казахстанските медиуми: Македонија ќе го победи Казахстан со 3:1!

478

Андреј Чернишов, довчерашниот стратег на Беласица за казахстанските медиуми имаше свој коментар за вечерашниот пријателски дуел меѓу репрезентациите на Македонија и Казахстан.

Тренерот од Русија, инаку некогашен познат фудбалер и репрезентативец на СССР, рече дека овој меч за Македонија е многу важен и дека тој смета дека нашата репрезентација ќе победи со 3:1.

“Овој меч ќе биде многу важен за Македонија, зошто ова е последна проверка пред ЕП. Тимот сака со победа да оди на ЕП, во добра атмосфера, што е и нормално. Во моментов Македонија е повисока класа од Казахстан. Репрезентацијата на Македонија сметам дека може да изненади на ЕП и дека моше да оди многу далеку. Сепак Казахстан не е без шанси, гостите ако влезат на мечот со максимална концентрација би можеле да и зададат проблеми на Македонија. Од друга страна, ако веќе морам да го прогнизирам резултатот, тогаш мислам дека Македонија ќе го победи Казахстан со 3:1“, заврши Чернишов.

ПретходноДимитријевиќ постигна 10 поени, но не го доигра мечот со Барселона
Следно„Кралот“ излезе „мал“ во поразите: Леброн избега и не им подаде рака на кошаркарите на Феникс (ВИДЕО)