Апсење на Ролан Гарос поради местење на натпревар

263

Руската тенисерка Јана Сизикова денеска е уапсена за време на траењето на Гренд слем турнирот Ролан Гарос под сомнение дека наместила меч во кој самата учевствувала.

Се работи за меч од минатата година, односно од турнирот кој се играша лани, и тоа во категоријата двојки. Сизикова заедно со партнерката на тој меч Медисон Бренгл против романската двојка Миту и Мариа се терети дека го загубила истиот со резултат 7:6 и 6:4.

Истрагата вели дека извршени се огромни уплати на двојна сервис грешка на Сизикова во гем кој е исклучително важен во даден момент од мечот и кој има клучно значење за поразот подоцна.

Сизикова е уапсена по денешниот пораз исто така во двојки од 6:1 и 6:1 против Ајла Томљановиќ и Сторм Сандерс, меч кој го одигра со парнерката Јекатерина Александрова.

ПретходноВујовиќ: Сакам да остане Алушовски!
СледноБенфика и натаму е опција за Елмас, но Наполи не го пушта ни за 20 милиони евра!