Димитријевиќ постигна 10 поени, но не го доигра мечот со Барселона

126

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и екипата на Хувентуд се изборија за „мајсторка“ во четвртфиналната рунда во шпанското превнство, откако на домашен терен славеа со 72:63.

Ненад Димитријевиќ одигра уште еден извонреден натпревар, иако се повреди пред крајот на првото полувреме. Затоа на теренот помина само 16. минути, но и покрај тоа беше трет стрелец во својот тим со десет поени.

Одлучувачкиот натпревар од оваа серија се игра в сабота на теренот на Барселона.

ПретходноБесмир Бојку за посилна Струга Трим Љум
СледноАндреј Чернишов, екс-тренерот на Беласица за казахстанските медиуми: Македонија ќе го победи Казахстан со 3:1!