Златан се замисли: Можеби треба пореално да ги гледам работите

249

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ призна дека можеби е време да размислува за што помалку натпревари наредната сезона. Напаѓачот на Милан изгледа ненаситен и постојано сака да биде на теренот, но често се соочува со повреди. Тој се повреди во финишот на сезоната и пропушти дел од натпреварите, а освен тоа нема да игра на ЕП 2020.

По принцип играм на 50 натпревари секоја сезона, но веројатно е потребно да ги гледам пореално работите. Не треба повеќе да го изложувам телото на толкав напор, но исто така не можам да запрам“, призна Ибрахимовиќ за „Газета дело Спорт“.

Златан има 39 години, а жали што не можел да им помогне на соиграчите во клучниот дел од сезоната кога се водеа битки за добар пласман.

Многу сакав да им помогнам на соиграчите на последните неколку натпревари. Разочаран сум и поради шведскиот национален тим, но не можам да играм ако не сум 100% подготвен. Принуден сум да гледам од страна и да ги бодрам момците“, вели Ибра.

ПретходноМедведев врза три победи на Ролан Гарос, а претходно немаше ниту една
СледноЕлмас избори пенал, Алиоски погоди – МАКЕДОНИЈА ИМА ПРЕДНОСТ! (видео)