И официјално: Вујовиќ се врати на клупата на Вардар (ФОТО)

735

Веселин Вујовиќ и официјално е нов стратег на Вардар 1961. Информацијата која долго време се пласираше во јавноста доби потврда од првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, на денешната прес-конференција.

Вујовиќ во Вардар се враќа по пауза од осум години, последен пат македонскиот тим го водеше од 2011 до 2013 година, по што дојде ерата на Сергеј Самсоненко. И претходно беше дел од „црвено-црниот“ табор, во периодот од 2006 до 2009 година. Вујо доаѓа на местото на Стевче Алушовски, кој со своите момци сезоната ја завршија со двојна круна.

ПретходноОфицијално: Тухел тренер на Челзи до 2024
СледноМихајловски го откри составот на Вардар за следната сезона (ФОТО)