Меси ја откри 5-метарската статуа на Марадона во Аргентина (ФОТО+ВИДЕО)

228

Во присуство на Лионел Меси, во провинцијата Сантијаго дел Естеро, каде репрезентацијата на Аргентина синоќа одигра квалификациски меч со Чиле, во квалификациите за пласман на СП, беше откриена статуа од пет метри со ликот на легендата на аргентинскиот фудбал, Диего Армандо Марадона.

Статуата целосно изработена од бронза е тешка два тони и, според аргентинскиот печат, е најголемата во светот направена со користење на овој вид метал. Делото е на скулпторот Карлос Бенавидез, кој има неколку скулптури низ целата земја, вклучувајќи и други од Диего Марадона.

ПретходноСимеоне добива нов 2-годишен договор од Атлетико (М)
СледноСимиќ со шест поени на стартот на јуниорската Евролига