Како ли само одиграа, како ли само стрелаа за Македонија. Имаме млади ЛАВОВИ, ги имаме Милан Ристовски и Дарко Чурлинов, кои му дадоа посебен шмек на овој натпревар. Само што влегоа ја искажаа сета своја класа, постигнаа по еден гол, па така тоа наше водство од 2:0, и благодарение на помалиот Ристовски и Чурлинов, на крајот заврши со 4:0.
Дури сега се гледа зошто селекторот Игор Ангеловски ги стави во списокот на патници за Евро 2020 и двајцата супер млади момци.
На нивната радост, инаку ова беа првите нивни голови во најдобара репрезентација, и немаше крај.
Дали добиваме супер тандем М. Ристовски – Чурлинов за наредната деценија во нашата репрезентација?
Останува да се види.
Браво за младите ЛАВОВИ…така се игра за Македонија.