Михајловски го откри составот на Вардар за следната сезона (ФОТО)

1616

Вардар 1961 со нови амбици, во поинаков изглед ќе стартува следната сезона. На кормилото на „црвено-црните“ ќе биде Веселин Вујовиќ, кој доаѓа на местото Стевче Алушовски.

„Убеден сум дека екипата на Вардар ќе биде подобра и посилна за 20-30%, ако го додадам Вујовиќ тогаш ќе биде 40% подобар. Очекувам да ги исполни моите барања, дојде во Скопје да го види Вардар на дело, имаше време и претходно да размисли“, рече Михајловски, кој додаде:

„Ми годеше што и други тренери сакаа да работат во Вардар како тренери, но мојата одлука падна на Вујовиќ, со него работевме и претходно. Тој со Словенија направи голем успех“. 

Првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски го презентираше нивиот состав на тимот за сезоната која доаѓа. Има доста промени….

ГОЛМАНИ:
Мартин Томовски
Борко Ристовски
Васил Гогов
Али Сафар

ЛЕВИ КРИЛА
Тимур Дибиров
Јан Чувара
Димитар Димитриоски

ДЕСНИ КРИЛА:
Гоце Георгиевски
Дарко Ѓукиќ
Ален Ќосевски

ПИКЕРИ:
Стојанче Стоилов
Патрик Валчак
Џереми Тото

ЛЕВИ БЕКОВИ:
Филип Талески
Марко Мишевски
Анте Кудуз

СРЕДНИ БЕКОВИ:
Анте Гаџа
Мартин Карапалевски
Стефан Крстевски

ДЕСНИ БЕКОВИ:
Едуардо Гурбиндо
Томислав Јагуриноски
Давид Савревски

ПретходноИ официјално: Вујовиќ се врати на клупата на Вардар (ФОТО)
СледноВујовиќ: Ова е голема чест, сакам Вардар да го однесам на фајнл-фор!