Францускиот напаѓач Оливие Жиру нема да ги напушти редовите на европскиот шампион Челзи. Иако се споменуваше дека одбил да преговара за продолжување на соработката, сепак, двете страни дошле до договор. Жиру останува на „Стемфорд Бриџ“ што значи дека нема ништо од негов трансфер во Милан со кого се поврзуваше изминатите две недели.
Челзи објави дека договорот на Жиру е продолжен на една година. Со тоа Челзи продолжи со важната работа во текот на ова лето, го продолжи договорот со Томас Тухел, потоа со Тијаго Силва, сега со Жиру…
Foto> Twitter