Сосема очекувано, и според сите најави Томас Тухел најпрво доби, а потоа и го потпиша новиот договор како тренер на тимот на Челзи.
Освојувачот на титулата во Лигата на Шампионите сезонава, едноставно се препороди, како на играчки така и на резултатски план со Германскиот стратег на клупата, па нормално е што Тухел ја ужива комплетната доверба на раководството на клубот во моментов.
Тухел официјално потпиша „дил“ до 2024 година, а Челзи и неговите навивачи допрва очекуваат од него големи нешта.