Разиграна Македонија – нека почне ЕУРО 2020 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

760

Повеќе од успешна “генералка“ за нашите момци. Победа над Казахстан во последниот пријателски меч во пресрет на ЕУРО 2020, и нашиот прв меч против Австрија на 13 јуни. Да се победи Казахстан со 4:0, и тоа во пријателски меч, и тоа со комбиниран состав, секако дека не е за потценување.

Одбраната повторно стабилна, Ристовски, Муслиу и Ристевски без многу напор си ја завршија работата. Средниот ред иако без Адеми и Барди, но затоа тука беа Спировски, Николов, Костадинов, Алиоски и Елмас, речиси одличен. Во нападот Пандев и Тричковски разиграни. Првиот со асистенција, вториот со гол.

И потоа во последните 25 минути експлозија на младите Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.

Не го заборавивме

Блескав настап и блескави голови.

Можеме да бидеме презадоволни, одиме спремни на тоа ЕУРО 2020.

ПретходноСтефан му честиташе на Милан: Браво братче (ФОТО)
СледноШпанија и Португалија скромно – без голови (ВИДЕО)