Во рамките од подготовките за Европскиот шампионат на кој учевствува секако и репрезентацијата на Македонија, денеска во организација на Фудбалската федерација на Македонија, Македонскиот центар за меѓународна соработка, и комисијата за спречување и заштита од дискриминација, беше промовиран проектот фудбалот против дискриминацијата. Истиот има за задача да ги промовира еднаквостите помеѓу сите, за што сите три институции силно се залагаат и се обидуваат што повеќе да се имплементира во рамките на општеството.
„Фудбалската федерација како институција е докажан парнтер кога се во прашање вакви кампањи и затоа немавме дилеми дека ќе прифати сеопшта соработка на оваа тема. Дел е од многу кампањи за подобрување на животните услови и ние видовме во фудбалската федерација партнер кој ќе има огромна желба за соработка“ – вели Весна Бендевска претседателката на комисијата за заштита од дискриминацијата.
„Во име на Фидбалската Федерација на Македонија, ви бладоарам за приуството, на кое се промовира кампшпањата фиудбалот против дискриминацијата. Во фудбалот нема место за било каква дискриминација. Фудбалот зближува по сите основи. Вера, нација, пол, релиција, тука нема место за ништо друго освен за меѓусебно почитување и еднаквост. Сега кога репрезентативците се во центарот на вниманието и ќе биде искористена нивната популарност во јавноста да биде промовирана и оваа кампања“ – изјави претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамет Сејдини, а потоа се обрати и Александар Кржаловски претставникот на МЦМС.
„Благодарност што ни е овозможено да бидеме дел од ваква кампања во овој момент. Благодарност до ФФМ што се приклучи на кампањите кои ги подржуваат и ФИФА и УЕФА. Своеврмено во Македонија прва ваква сериозна кампања беше за време на бегалската криза во 1999 година и оној слоган на кој верувам сите се сеќавате „Цело е кога има се“. Треба да се продолжи во оваа насока, за да што повеќе овозможиме на сите граѓани квалитетен начин на живот“ – изјави Кржаловски.