Феникс го елиминираше шампионот, Јокиќ го однесе Денвер во следната рунда (ВИДЕО)

273

Кошаркарите на Феникс го елиминираа бранителот на титулата Лос Анџелес Лејкерс со вкупен резултат 4:2, откако во шестиот натпреваруспеаја да слават по четврти пат против „езерџиите“, 113:100. Сега веќе поранешните шампиони не знаеја како да го запрат Девин Букер, кој постигна дури 47 поени, шутираше со 80 проценти за три поени (8/10) и придонесе со огромен удел во новата победа на Феникс.

Ова е прво учество за Санс по 2010 година, но тоа не им пречеше успешно да ја минат првата рунда. Леброн Џејмс кој овојпат постигна 29 поени, доживеа да испадне во првиот круг од плејофот на 36-годишна возраст за првпат во неговата кариера.

Денвер Нагетс ги победи Портланд Трејл Блејзерс со 126:115 на крилата на српската sвезда Никола Јокиќ и се пласираше во втората рунда од плејофот. Денвер си закажа пресметка со Феникс, откако во шестиот меч одигра одлично на гостински терен и успеа да ја го потврди своето место во следната фаза од разигрувањето. Српскиот ас ја надмина границата од 30 поени по петтипат во годинашната плејоф серија со Портланд. Тој постигна 36 поени и придонесе со значителен удел во пресвртот. Домаќините изгледаа подобро во поголемиот дел од натпреварот, но финишот им припадна на гостите.

 

ПретходноМеси погоди, но Аргентина одигра само нерешено со Чиле (ВИДЕО)
СледноСимеоне добива нов 2-годишен договор од Атлетико (М)