Шпанија и Португалија скромно – без голови (ВИДЕО)

460

Пријателскиот дуел меѓу Шпанија и Португалија заврши без победник, но и без голови. Иако од пресметката на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид се очекуваше многу повеќе, сепак ниту една од двете селекции не прикажа ништо посебно, во мечот кој е загревање пред ЕУРО 2020.

Шансите за погодок беа скромни, Торес и Мората, вториот ја погоди пречката, на другата страна се заканија Жота и Роналдо, но без реализација.

Шпанија пред стартот на ЕУРО ќе одигра уште еден меч, против Литванија на осми овој месец, додека Португалија на 9. јуни ќе игра против Израел во Лисабон.

ФОТО:twitter.com/SeFutbol

ПретходноРазиграна Македонија – нека почне ЕУРО 2020 (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноРаботнички се раздели со Мираковски!