Де Бруин направи операција на лицето, во понеделник патува на Еуро 2020

180

Еден од најдобрите фудбалер на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин денес имаше операција на лицето и во понеделник ќе им се придружи на своите соиграчи во белгиската фудбалска репрезентација.

Да потсетиме, Де Бруин го скрши носот и го повреди левото око во судир со Рудигер за време на финалето од ЛШ против Челзи во Лигата на шампионите.

„Операцијата траеше само 20 минути, сè помина добро, ние сме позитивни“, рече селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, додавајќи:

„Интервенцијата му беше неопходна за да нема проблеми во иднина, заздравувањето ќе трае кратко“, заклучи тој.

Белгија е во групата „Б“ со Русија, Данска и Финска, а дел од експретите велат дека и покрај кусиот период за опоравување, Де Бруин најверојатно нема да игра на првиот меч со Русија на 12 јуни.

ПретходноТиквеш на подготовки во Охрид, буџетот одобрен, ќе има најмалку 5-6 квалитетни засилувања!
СледноНадал завери осминафинале во Париз