Леклер и во Баку ќе тргне од пол-позицијата

102

Иако стравуваа дали ќе бидат конкурентни во Баку, Ферари и Чарлс Леклер ја освоија пол-позицијата пред трката за Големата награда на Азербејџан.

Тоа е втора пол-позиција за Леклер, откако беше најбрз и во квалификациите во Монако пред две недели.   Луис Хамилтон ги заврши квалификациите како втор, а Макс Ферстапен беше трет.

Првите 10 ги комплетираа Пјер Гасли, Карлос Саинц, Ландо Норис, Серхио Перез, Јуки Кунода, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас.

Квалификациите беа обележани со инциденти. Рикардо и Џовинаци најпрво удрија во ѕидот, а после тоа, непосредно пред финишот, и Кунода и Саинц завршија во ѕидот на третата кривина, по што никој не можеше да го поправи времето.

Официјалната трка е на програмата во недела од 14 часот.

ПретходноНоле „експрес“ обезбеди осминафинале на Ролан Гарос
СледноАтлетико Мадрид цели кон Бернардо Силва