Тиквеш на подготовки во Охрид, буџетот одобрен, ќе има најмалку 5-6 квалитетни засилувања!

3253

Никако не спласнува еуфоријата во Кавадарци по враќањето на Тиквеш во ПМФЛ по цели 17 години. Сега тема на муабет е како клубот ќе го “одработи“ летово, се мисли пред се на засилувањата и подготовките.

Па, како што дознава СПОРТМЕДИА, буџетот на клубот за следната сезона во ПМФЛ е одобрен. Буџет кој е сосема солиден и ќе можат оперативците на Тиквеш да го засилат тимот со најмалку 5-6 квалитетни нови играчи. “Костурот“ на тимот од минатата сезона ќе остане, само ќе биде надополнет со новите имиња.

СПОРТМЕДИА веќе објави дека Пане Блажевски и натаму ќе го води тимот од клупата, а стартот на подготовките е закажан за 23 јуни. Најважниот дел од истите ќе се одработи во Охрид, каде што и ќе се одиграат неколку пријателски средби.

ПретходноНов судир на Иџе во ТЦР Италија: „Некои возачи не заслужуваат да возат“ (ВИДЕО)
СледноДе Бруин направи операција на лицето, во понеделник патува на Еуро 2020