Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид внимателно ја следи ситуацијата околу играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бренардо Силва. Неодамна се шпекулираше дека Португалецот може да биде достапен за трансфер, а од неговата продажба на „Етихад“ се надеваат дека ќе соберат средства за нов централен напаѓач. Така, Атлетико може да ја искористи ситуацијата и да го одведе Бернардо на Ванда Метрополитано, тврди Франс Фудбал.