Дејан Кулушевски, репрезентативецот на Шведска, кој потекнува од Охридско,чии корени се македонски, бил една од летните трансферни желби на Баерн Минхен. Новиот стратег на “баварците“ Јулиан Нагелсман сакал да го види офанзвецот на Јувентус во својот тим.
Сепак Јуве, клуб кој кој во следниот период ќе го предводи стратегот Макс Алегри, не сака ниту да слушне за такво нешто. Од таборот на италијанскиот гигант велат дека Кулушевски не бил за продажба.
Инаку “Македонецот“ Кулушевски во Јуве дојде од Парма минатото лето. Неговиот трансфер изнесуваше околу 40 милиони евра, но во првата сезона во црно – белиот дрес и не се прослави со својата форма.