Бејл завршува по Европското првенство

452

Написот во денешна Марка посветен на Герет Бејл вели дека Велшанецот планира по одигрувањето на Европскиот шампионат летово, да престане со активното бавење со фудбал. Сега веќе 33. годишниот фудбалер, според Марка одамна ја загуби желбата и страста за докажување на терен, и тоа е и главната причина што тој повеќе не планира да игра.

Едноставно тој е среќен единствено кога настапува за репрезентацијата на Велс, се останато го обавува со огромна доза на рутина. Дури и кога се врати во неговиот сакан Тотенхем како позајмен фудбалер, тоа не се промени, иако одигра неколку добри мечеви. За времето минато во Реал Мадрид и да не говориме.Марка наведува дека Бејл планира да се испроба како професионален голф играч.

Велс на претстојното Европско првенство е во групата со Италија, Швајцарија и Турција.

 

ПретходноБесaр Исени заминува од Шкупи
СледноГазета Дело Спорт: Хакими е првото засилување за ПСЖ ова лето