Германскиот медиум Спорт1, денеска објави дека преговорите меѓу Борусија (Д) и Манчестер Ј. ги отворија преговорите за трансферот на Џејдон Санчо.
Гласините дека Санчо ќе се пресели на „Олд Трафорд“ се актуелни долго време, но веројатноста крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, конечно, да го заокружи трансферот сега се се пореални. Според германски Спорт1, разговорите меѓу двата тима се актуелни веќе два дена, а гѝерманскиот клуб бил подготвен да ја ревидира бараната цена од 120 милиони евра и би прифатил и 90 милиони за слободата на Англичанецот.
Според англиските медиуми, Јунајтед би сакал да ја затвори зделката пред почетокот на Еуро 2020.