Данска е противникот на Македонија во финалето на Европската лига

311

Селекцијата на Данска е противникот на Македонија во финалето на Сребрената Европска лига. Во второто полуфинале Данците со 3:1 во сетови ја совладаа Унгарија и се пласираа во финалето. Стартот на дуелот во Струмица им припадна на Унгарците кои поведоа со 1:0, но Данците направија пресврт и изборија победа.

Со тоа трет пат за две седмици ќе ги одмериме силите со Данците. Со нив имаме една победа и еден пораз. Интересно, Данците славеа во Струмица, а ние им се реванширавме во Шлагелсе.

Финалето ќе се одигра утре со почеток од 20:00 часот во Струмица.

ПретходноМурињо ги посочи своите фаворити за титулата на ЕП
СледноФрејзер-Прајс го постави најдоброто време на 100 метри во последните 33 години!