Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, победи на трката на 3000 метри на Европско првенство за мали земји во атлетика кое се одржува во Сан Марино. За да биде успехот уште поголем, Иванопвски покрај златниот медал постави и нов македонски рекорд на оваа патека кој сега гласи: 08.09:89 минути.
Македонија на ова првенство ќе биде преставувана и од Адријана Поп Арсова и Јован Стојоски. Јован Стојоски ќе се натпреварува на 100 и 400 метри, а Адријана Поп Арсова на 3000 метри.