И конечно. Енис Барди е негативен и денеска им се приклучи на своите репрезентативни колеги откако мина денови и денови во изолација. Неговите колеги и другари во репрезентацијата му посакаа добредојде, а први посакаа да се фотографираат со него Висар Муслиу и Ферхан Буба Хасани.
Нема што, атмосферата во нашиот репрезентативен табор со враќањето на Енис Барди во селекцијата е на највисоко можно ниво.
Сега ни останува само да се надеваме дека до стартот на ЕП нема да се случи уште некое непријатно изненадување. Засега сите 26 фудбалери кои ќе патуваат во Букурешт немаат здравствени проблеми.