Кошаркарите на ЛА Лејкерс на гости го совладаа Далас со 104-97 и се изборија за мајсторка, која ќе го одлучи патникот во полуфиналето во Западната конференција.
Далас добро влезе во мечот, во поголем дел од првото полувреме имаше и предност, која на момент беше и девет поени. Но, потоа на сцена настапи Кавај Ленард кој го „уништуваше“ противникот од сите можни позиции, беше незапирлив.
Во клучните моменти кошаркарот на Клиперси погодуваше неверојатни шутеви, па неговиот тим ќе има шанса на домашен терен да се најде во следната рунда.
Ленард зад своето име запиша 45 поени (18/25), додаде шест скока. На другата страна Лука Дончиќ запиша дабл-дабл од 29 поени, 11 асистенции и 8 скока.