Лазаров победнички пред Ф4, Манасков и Веспрем останаа без титула

372

Кирил Лазаров и Нант со победа ја завршија сезона во францускиот шампионат, на домашен терен го совладаа Монпеље со 36-26.

Нант заврши на третото местото табелата, за место во ЛШ ќе мора да ја освојат титулата во Келн или да добијат вајлд карта.

Лазаров мечот го заврши со четири гола од пет обиди.

Дејан Манасков и Веспрем, на вториот меч против Пик Сегед не само што невуспеја да дојдат до посакуваниот триумф туку беа и поразени со 36-37 и останаа без титула.

Давид Дејвис и неговите момци бркаа негатива од три гола, но тешко одеше. На полувремето губеа со 14-15, Пик Сегед влезе силно поведе со плус четири 14-18 и 16-20.

Веспрем во последните две минути израмнија на 34-34, но Сегед остана приземјен.

Македонскиот репрезентативец беше втор најдобар стрелец со седум погодоци.

ПретходноАстон Вила бара 130 милиони за Грилиш
СледноМората: Не знам каде ќе играм следната сезона