Иако стравуваа дали ќе бидат конкурентни во Баку, Ферари и Чарлс Леклер ја освоија пол-позицијата пред трката за Големата награда на Азербејџан.
Тоа е втора пол-позиција за Леклер, откако беше најбрз и во квалификациите во Монако пред две недели. Луис Хамилтон ги заврши квалификациите како втор, а Макс Ферстапен беше трет.
Првите 10 ги комплетираа Пјер Гасли, Карлос Саинц, Ландо Норис, Серхио Перез, Јуки Кунода, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас.
Квалификациите беа обележани со инциденти. Рикардо и Џовинаци најпрво удрија во ѕидот, а после тоа, непосредно пред финишот, и Кунода и Саинц завршија во ѕидот на третата кривина, по што никој не можеше да го поправи времето.
Официјалната трка е на програмата во недела од 14 часот.
🏁 QUALIFYING CLASSIFICATION 🏁
Four different teams in the top four grid positions 👀#AzerbaijanGP 🇦🇿 #F1 pic.twitter.com/6spQypuepz
— Formula 1 (@F1) June 5, 2021