Македонската репрезентација до 19. години го одигра денеска вториот од двата пријателски мечеви со репрезентацијата на Бугарија. Коенчниот резултат гласи 1:1, а ние лесно можевме да дојдеме до триумф затоа што поведовме преку Бехар Фета во 38. минута со 0:1. Нашиот бнајдобар играч на овој меч имаше уште неколку обиди кон противничкиот гол.
Во второто полувреме сепак домашните преку Стелиан Добрев успеаа да израмнат со според нашите информации нерегуларен гол од офсајд. Бугарите имаа уште неколку ситуации за гол, но во тие ситуации одлично се снајде нашиот голман Гоце Јовчев.
На првиот меч загубивме со минимални 1:0.