Тој имал усмен договор со челниците на клубот и треба наскоро да ги обави лекарските прегледи, но ПСЖ ги искомплицира работите. Францускиот тим влетал со голема понуда и договор до 2024 година, подготвен е да плати осум милиони по сезона.
Оваа пинуда и направи голем проблем на Барселона, која не може да издвои толкава сума на пари за 30-годишниот фудбалер. Каталонците се надеваа и беа убедени дека Вијналдум ќе биде нивни член.
Овој фудбалер пет години беше член на Ливерпул со кого успеа да го подигне пехарот во ЛШ.
ФОТО: Twitter/GWijnaldum