Напаѓачот Алваро Мората призна дека не е сигурен каде ќе игра следната сезона. 28-годишниот фудбалер е во сопственост на Атлетико Мадрид, но минатата сезона играше на позајмица во Јувентус. Во Торино имаат можност да го откупат неговиот договор или да го продолжат договорот за позајмица на уште една година. Сепак, клубот се уште не одлучил како ќе постапат, а последниот збор ќе го има новиот тренер Масимилијано Алегри.