Надал завери осминафинале во Париз

118

Актуелниот шампион на Ролан Гарос, шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на турнирот, откако денеска беше сигурен на дуелот со Британецот Камерон Нори во три сета со резултат 6:3, 6:3, 6:3.

Во следната рунда, 20-кратниот освојувач на Грен слем трофеи ќе се соочи со Италијанецот Јаник Синер. Надал ја брани титулата од 2020 година, кога во финалето беше подобар од Новак Ѓоковиќ во три сета со резултат 6:0, 6:2, 7:5 и ја освои 13. титула на Ролан Гарос.

ПретходноДе Бруин направи операција на лицето, во понеделник патува на Еуро 2020
СледноТео Симиќ и Барселона во финалето на јуниорската Евролига