Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, не успеа да ја заврши првата трка на ТЦР Италија која денеска се возеше на патеката во Мисано. Слично како и на минатата трка, по само неколку круга тој и денеска имаше страшен судир во кој настрада неговото возило.
Поради оштетувањето на возилото, тој не можеше да ја заврши трката, а прашање е дали автомобилот ќе успеат да го „скрпат“ до утре кога е закажана и втората трка. Ако успеат да го подготват возилото, Иџе утре треба да тргне од петтата позиција.
По денешната трка Иџе објави видео на социјалните мрежи на кое зборува за инцидентот.