Прекрасна вест: Барди е НЕГАТИВЕН и ќе патува на ЕП!

467

Прекрасна, супер вест од таборот на нашата репрезентација. Како што и официјално велат од ФФМ, Енис Барди е негативен на Ковид-19 и тој ќе патува и ќе игра на ЕВРО 2020.

Секако дека оваа вест и онака добрата атмсфера во репрезентацијата ја направи уште подобра. Барди е еден од нашите клучни играчи и се очекува тој во текот на денот да им се приклучи на останатите свои репрезентативни колеги.

Ова значи дека Барди ќе се најде во чартерот за Букурешт во вторник, до кој нашата репрезентација ќе замине на ЕП.

Досега Барди беше во карантин во хотелот “Хилтон“, немаше никаков контакт со останатите од репрезентацијата.

ПретходноКрсте верен на Сараево, клубот го испочитува со нов договор
СледноБарса го чека Вајналдум до крајот на неделата