Португалскиот фудбалер во Манчестер Сити Рубен Диас е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата. За него ова е втора награда, повредна затоа што е од гласовите на играчите и тренерите во најсилната англиска лига, а претходно ја доби наградата за најдобар играч според спортските новинари.
Инаку во трката тој ги победи соиграчот и минатогодишниот освојувач Кевин де Брујн и напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн. Тие тројца се најдоа во финалниот избор, а претходно испаднаа играчто на Јунајтед, Бруно Фернандес, плејмејкерот на Астон Вила, Џек Грилиш и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Најдобар тренер е Пеп Гвардиола. Стратегот на Манчестер Сити ја врати титулата на „Етихад“, додека уште еден фудбалер на Сити е добитник на наградата. Тоа е играч со најголем напредок и замина во рацете на Фил Фоден.
Погодокот на Ерик Ламела од Тотенхем во двобојот со Арсенал (1:2) на 14 март е прогласен за најубав во Премиер лигата за сезоната што помина. Аргентинецот погоди за 1:0 со „рабона“ нешто што е ретко видено во светот на фудбалот.
Тоа е втора година по ред како наградата за гол на годината да завршува во Тотенхем. Лани таа ја доби Хјон-Мин Сон.
😱 We were all @sergio_regui after this went in
Erik Lamela’s sensational rabona goal has been voted the @premierleague Goal of the Season. Will it be good enough to win the Argentinian the FIFA #Puskas Award?@ErikLamela | @SpursOfficial | @Argentina pic.twitter.com/yl6i2RszD3
— FIFA.com (@FIFAcom) June 5, 2021