Легендарниот Аргентински репрезентативец и интернационалец, Карлос Тевез објави дека ја завршува кариерата. Напаѓачот вели крај во дресот на Бока Јуниорс каде што настапуваше во последните сезони.
„Од денеска можам да кажам дека се повлекувам. Сепак, можеби за три месеци се разбудам едно утро и кажам дека сеуште ми се игра фудбал. Сепак, тоа никогаш повеќе нема да биде во дресот на Бока Јуниорс“ – вели Тевез.
„Бока е за мене светост, и не смеам да го носам дресот на овој клуб, доколку не сум најдобар што можам да бидам, во Бока не смеам да бидам просечен“ – додаде Карлитос.