Иднината на македоната кошарка, младиот Теодор Симиќ и неговиот тим Барселона обезбедија финале во јуниорското издание на Евролигата. Барселона попладнево славеше над екипата на Мега Баскет со 79-77 во последното коло од групната фаза и со три победи, исто како и Реал (М) во другата група, обезбеди финале.
Симиќ одигра 11 минути на денешниот дуел со Мега и постигна 4 поени, а реализираше и 3 скока.