Нант и Кирил Лазаров се еден од двата тима од Франција кои ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите во Келн. Фајнл-фор завршницата на програмата е следниот викенд, а предводникот на нашиот национален тим и неговите соиграчи во полуфиналето ќе играат против Барселона.
Станува збор за уште еден тежок противник, со големо искуство во Лигата на шампионите и во завршниците на истото натпреварување.
Но, Нант не ја губи самодовербата. Стратегот, Алберто Ентрериос верува во своите момци, вели ако можеле да ги победат Келце и Веспрем, не гледа причина зошто тоа да не го сторат и против Барселона.
„Првиот пат кога помислив дека имаме шанса, го елиминиравме Келце. Откако победивме во Полска, откако бевме совладани дома, си реков зошто да не. Ние сме на два меча до Келн, дури и да треба да се соочиме со Веспрем во четвртфиналето“, објаснува стратегот на Нант за ЕХФ, а потоа додаде:
„И сега така размислуваме, зошто да не“.