Централниот дефанзивец во редовите на Холандија, Матијас де Лигт нема да игра на тест мечот со Грузија во недела. 21-годишниот дефанзивец на Јувентус се здоби со повреда на препоните за време на последниот тренинг на тренинг кампот во Португалија. Како мерка на претпазливост, тој ќе одмора во следниот период, додека не добие дозвола за тренинг од лекарскиот тим.
Од Холандија велат дека во моментов малку се знае за сериозноста на повредата. Тој вчера веќе имал мали проблеми со препоните, по што морал да го прекине тренингот. Селекторот Франк де Бур пред новинарите вели дека во моментов ништо не е потврдено, ниту околу сериозноста на повредата, ниту за периодот на рехабилитација
„Останува да видиме“, им изјавил де Бур на новинарите.
Де Лигт има уште една недела да се опорави до стартот на Еуро 2020. Ако тоа не се случи, ќе мора да го пропушти првиот меч со Украина.