Македонскиот атлетичар Јован Стојоски освои два бронзени медали на Европското атлетско првенство за мали земји кое се одржува во Сан Марино. На 100 метри сребрениот медал му „побегна“ за четири стотинки. Инаку на ова првенство денеска успех постигна Дари Ивановски кој победи на трката на 3000 метри и притоа постави национален рекорд.
Дарио Ивановски освои злато во Сан Марино и постави нов македонски рекорд на 3000 метри!