Барди: Ви благодарам за поддршката, се гледаме на Европско

1154

Конечно, Енис Барди ја откачи короната и се приклучи на македонската репрезентација. Играчот на Леванте ќе игра на Европското првенство и ќе и помогне на Македонија во дуелите со Украина, Австрија и Холандија во групната фаза.

Барди беше во карантин по позитивни тестови на Ковид-19 и беше под знак прашалник, но ете на негова среќа, а и на наше задоволство ќе го гледаме на ЕП.

Ви благодарам на сите за пораките за побрзо оздравување како и за поддршката што ми ја дадовте овие денови. Се чувствувам одлично и многу брзо ќе се видиме на Европско првенство. Ви благодарам уште еднаш“, е пораката на Барди пренесена уште на шпански и на албански јазик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BARDHI (@enisbardhi10)

ПретходноБрегалница потпиша професионален договор со Георгиев, а со Николоски ја продолжи соработката
СледноАстон Вила дава рекордна сума за најдобриот играч во Чемпионшип