Барса го чека Вајналдум до крајот на неделата

382

Раководството на Барселона очекува конечен одговор од Гепргино Вајналдум крајот на неделава, напиша гуруто за трансфер пазарот Фабрицио Романо во „Твитер“. Каталонците веќе му понудија на играчот договор на три години до 2024 година и дури закажаа термин за задолжителни лекарски прегледи следната недела, доколку сè оди според планот, како што се надеваат од „Камп Ноу“.

Во меѓувреме, холандскиот играч за врска доби примамлива понуда од ПСЖ, која вклучува поголема плата и ги покрива сите барања на играчот. Тоа е камен на сопнување во моментот на трансферот на играчот од средниот ред од Ливерпул во Барселона , за кој се сметаше дека е скоро сигурен. Каталонците веќе ги доведоа Кун Агуеро, Ерик Гарсија, а во најава е и Мемфис Депај.

ПретходноПрекрасна вест: Барди е НЕГАТИВЕН и ќе патува на ЕП!
СледноШкупи стартуваше со подготовките (ФОТО)