Фото:Тwitter
Фудбалска Италија е во неверување поради смртта на Џузепе Перино, 29-годишниот поранешен фудбалер на Парма кој починал за време на ревијален натпревар во чест на својот мртов брат.
Братот на Перино починал во 2018 година, а од тогаш во негова чест се организираат фудбалски натпревари на кои Џузепе игра.
Оваа година мечот се одигра на Поџиомарино, област во Неапол, а Перино паднал на тревата. Според медиумите на него му била укажана лекарска помош на лице место, но лекарите не успеале да го спасат. Причината била срцев удар.
Парма ја објави веста и изрази сочувство до фамилијата Перино.
Tutto il Parma Calcio 1913 si stringe nel dolore alla famiglia Perrino per la scomparsa di Giuseppe 🙏🏻
— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) June 2, 2021