Актуелниот шампион на Ролан Гарос, шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на турнирот, откако денеска беше сигурен на дуелот со Британецот Камерон Нори во три сета со резултат 6:3, 6:3, 6:3.
Во следната рунда, 20-кратниот освојувач на Грен слем трофеи ќе се соочи со Италијанецот Јаник Синер. Надал ја брани титулата од 2020 година, кога во финалето беше подобар од Новак Ѓоковиќ во три сета со резултат 6:0, 6:2, 7:5 и ја освои 13. титула на Ролан Гарос.