Необично: Аргентинец ќе суди на ЕВРО 2020!

308

Малку необична одлука на УЕФА и Фудбалскиот сојуз на Ј. Америка. Имено има договор за размена на судии. Па така Фернандо Рапалини од Аргентина ќе ја дели правдата на ЕВРО 2020, којзнае можеби и нам ќе ни суди. Додека Шпанецот Хезус Хил Манзано, ќе суди на натпревари на првенството на Ј. Америка.

Рапалини ќе биде првиот судија кој ќе суди на ЕП а кој не е од Европа. Станува збор за еден од најдобрите судии во светот. Со ФИФА значка е од 2014 година, а многу сака да дели картони.

Па европските селекции на кои тој ќе им суди ќе мора да внимаваат.

ПретходноАтлетико Мадрид цели кон Бернардо Силва
СледноЛазаров: Не мислам на годините, туку на Македонија, Барса и Келн